@suzanaspasovskamk
12,500
6,637,747
643
280d ago
0.0
avg. per month
Сузана Спасовска претставува ренесансна појава во Македонската музика, уметник кој направи реформи во музиката, некој кој воспостави поинакви стандарди од тогашни музички шаблони а кои денес тешко се достигнуваат и надминуваат. Сузана Спасовска вешто прави спој на традиционалното и модерното, а сето тоа да звучи автентично македонски. Таа е репер за популарност, урнек за вистинска звезда! Навидум толку едноставна, спонтана, обична, а истовремено надреална, на моменти несфатлива, чудна, интригантна, збунувачка... Таа не е дел од естрадата, таа самата е естрада! Музичка институција, своевиден фолклорен музеј пребогат со музички експонати и артефакти кои ќе Ве пренесат од антиката со Илинден, од ерата на кирилицата преку древните манастири до денешницата. Со јубилејниот концерт по повод 30 години на македонската естрадна сцена, Сузана Спасовска заокружи дел од својот музички живот кој воопшто не значи и нејзино музичко финале. Тоа е само финишот на нејзиното прво полувреме.